6.09.2010.
Позитивни реакции за успешната организација PDF Испечати Е-пошта

 

Позитивни реакции за успешната организација на

Балканскиот јуниорски шампионат 2009 и

6-тиот Интернационален натпревар “Битола 2009“

 

На Балканскиот јуниорски шампионат 2009 и 6-тиот Интернационален натпревар во спортска гимнастика “Битола 2009“ кои се одржаа од 24-ти до 27-ми септември во Охрид учество зедоа 50-тина натпреварувачи од вкупно 7 земји (Албанија, Србија, Бугарија, Македонија, Унгарија, Луксембург и Хрватска).

Најуспешни во екипен пласман на Балканскиот јуниорски шампионат во машка и женска конкуренција беа репрезентативците на Бугарија, додека во поединечна конкуренција за севкупен победник во распределбата на медаљите се замешаа и репрезентативците на Србија. Во финалето по справи, во машка конкуренција, најдоминантен настап имаше Велислав В’лчев од Бугарија кој се закити со медаљи на сите справи. Во финалето по справи, во женска конкуренција, доминираа гимнастичарките од Србија. Македонските репрезентативци своите настапи ги завршија во рамките на своите можности и очекувањата. Најдобар пласман во финалето по справи за Дино Бошњак беше четвртото место на разбој и вратило, додека за Иван Крстевски четвртото место на карики. Даниел Стојановски успеа да се избори за место во финалето по справи на карики. Во женска конкуренција, најуспешна беше Мартина Шипинкаровска која се пласира во финалето по справи, освојувајќи го петтото место на сите справи.

Во рамките на 6-тиот Интернационален натпревар “Битола 2009“ во женска конкуренција исклучително доминантни на сите справи беа репрезентативките на Унгарија, освојувајќи ги првите три места за севкупен победник во поединечна конкуренција, како и паричните награди од организаторот и тоа: 250 евра (1.место), 150 евра (2.место) и 100 евра (3.место). Во машка конкуренција, медаљите повторно ги распределија репрезентативците на Бугарија и Србија, само во распределбата на медаљите на партер се вмеша Антон Ковачевиќ од Хрватска освојувајќи го второто место. За севкупен победник во машка спортска гимнастика во поединечна конкуренција беше прогласен Велислав В’лчев од Бугарија. Второто место му припадна на Едуард Радев од Бугарија, додека третото го освои Гаврило Илиќ од Србија.

Натпреварите се одржаа во СРЦ “Билјанини извори“ следени од бурното око на двајцата супервизори од Бугарија, Тодор Тодоров во машка и Цветана Добрева во женска спортска гимнастика.

Целокупната организација на натпреварите беше поддржана од страна на Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Александар Петрески и генералниот спонзор и официјален покровител на натпреварите, Хедис маркети.

Јавна благодарност Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија изразува и до останатите спонзори кои го помогнаа одржувањето на натпреварите:

 


  • Нескафе
  • Т. А. Вис Пој - Охрид
  • Ресторан Св.Софија
  • ЈП “Комуналец“ – Охрид
  • Здружение на возачи – Тетово
  • Спортски кладилници “Џокер“
  • Витаминка – Прилеп
  • А.Д. Лозар – Пелистерка
  • Хотел Парк – Охрид
  • “Сито Фото“ – Битола
  • Винарска визба “Бовин“

 

Благодарност и до медиумските покровители на натпреварите: Телевизија А1 и дневните весници Време и Шпиц.

 

Со надеж дека ваквата успешна организација на големи натпревари ќе прерасне во традиција, благодарност до сите оние кои на било кој начин придонесоа за претставување на македонската гимнастика и Република Македонија во вистинско светло.


 

 


Статијата е прочитана: 770

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved

 
< Претходно   Следно >

Browser Compatibility

browser_firefox.png browser_ie7.png browser_opera.png

browser_safari.png browser_konqueror.png browser_camino.png