| Трето место за Дино Бошњак во Нови Сад |
|
|
|
|
На 15-ти ноември во Нови Сад се одржа традиционалниот ДКМТ Куп со учество на гимнастичките клубови Нови Сад, Суботица, Лугој, Кискунхалас, Ресита и Тимисоара. Во рамките на Регионалниот ДКМТ Куп, оваа година беше одржан и Интернационален натпревар “Нови Сад 2009“. На натпреварот, покрај клубовите учесници на ДКМТ Купот, учество зедоа и гимнастичките клубови од Србија (Ниш и Костолац), Бугарија (Благоевград и Софија) и Македонија. Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија ја претставуваа Иван Крстевски (КГС “Партизан“ – Битола) и Дино Бошњак (КГС “Партизан“ – Прилеп) предводени од селекторот Трајче Ефремов. Гимнастичарите се натпреваруваа во четири категории:
· Категорија 8-10 години · Категирија 11-12 години · Категорија 13-14 години · Категорија 15-16 години
Во категоријата 15-16 години, во исклучително силна конкуренција, нашиот гимнастичар Дино Бошњак успеа да се избори за место на пиедесталот, освојувајќи го третото место со вкупно 69.200 бода.
ЧЕСТИТКИ ЗА УСПЕХОТ !!!
Статијата е прочитана: 560 . Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6 |
||||
| < Претходно | Следно > |
|---|

25°C
22°C 











