| Иван Крстевски и Дино Бошњак на подготовки во Бугарија |
|
|
|
|
Во периодот од 16.01.2010 до 20.01.2010 нашите
гимнастичари Иван Крстевски и Дино Бошњак, предводени од нивните тренери Трајче
Ефремов и Златко Ангелески присуствуваа на подготовки во Бугарија.
Подготовките се
одржаа во салата на гимнастичкиот клуб “ЦСКА“ во Софија, во договор со
Претседателот на клубот “ЦСКА“,
На подготовките како член на бугарската репрезентација во МСГ која се подготвуваше за настап на Европското првенство во Бирмингем 2010, присуствуваше и Претседателот на бугарската гимнастичка федерација, актуелен светски вицешампион на карики и европски вицешампион во повеќебој, Јордан Јовчев.
Претседателот на ФГСМ, г-дин Љупчо Арнаудов, одлучи со сопствени средства да ги покрие трошоците за подготовките на гимнастичарите, како награда за нивните достигнувања и прикажаните резултати во изминатата натпреварувачка сезона како во рамките на домашното првенство, така и на меѓународната сцена.
Статијата е прочитана: 451 . Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6 |
||||
| < Претходно | Следно > |
|---|

15°C
11°C
19°C 











