5.09.2010.
Предлог за разрешување на Марица Штрбац PDF Испечати Е-пошта

 

Sample Image

Поради непристојното и недолично однесување и изнесувањето на навредливи и понижувачки изјави кон Претседателот и раководството на ФГСМ, останатите комесари и тренерите, даден е предлог за разрешување на Марица Штрбац од функцијата Комесар за судиски прашања по женска спортска гимнастика.

Причина повеќе за ваквиот предлог за разрешување се и големиот број приговори упатени до ФГСМ од страна на учесниците на Првиот државен натпревар за А-лига кој се одржа на 29.05.2010 во салата на КГС “Партизан“ – Битола, а кои се однесуваат на судењето на судиите по ЖСГ и за кои Комесарот за судиски прашања по ЖСГ, Марица Штрбац, не покажа подготвеност да излезе во пресрет и да ги разгледа.

Исто така, повод за поднесувањето на ваков предлог беше и писмената жалба на Комесарот за масовни активности, Мирјана Ташковска за минатогодишниот Пионерски повеќебој во која е изнесено незадоволството од судењето на женскиот дел од судиите (Марица Штрбац, Весна Огненовска, Славица Алексовска и Ружица Апостоловска), како и непрофесионалното однесување на Комесарот за судиски прашања по ЖСГ, Марица Штрбац која го прикриваше неприсуството на една од судиите за ЖСГ и ја водеше истата дека е присутна.

Сите овие настани придонесоа за поднесување на предлог до Техничкиот комитет на ФГСМ за разрешување на Марица Штрбац.

ФГСМ ќе ги преземе сите потребни чекори со цел да го сочува сопствениот интегритет и авторитет и нема да дозволи во никој случај, било кој поединец со своето делување да ги загрози начелата за рамноправноправност и непристрасност кон сите нејзини членки.


Статијата е прочитана: 255

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved

 
< Претходно   Следно >

Browser Compatibility

browser_firefox.png browser_ie7.png browser_opera.png

browser_safari.png browser_konqueror.png browser_camino.png