| Промени во ФГСМ |
|
|
|
|
Со цел надминување на моменталната ситуација во ФГСМ и со надеж за подобри резултати и организација во иднина следуваат длабоки резови и промени во нејзината структура. Меѓу поважните се:
ВРАЌАЊЕ НА ЈОВАН РАИЧКОВИЌ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ГИМНАСТИКАТА
По разговорите помеѓу Претседателот на ФГСМ, Љупчо
Арнаудов и Јован Раичковиќ, познат и признат гимнастички работник со голем број
награди и признанија за неговата работа во поранешна СФРЈ и Македонија, се
најавува негово враќање на голема врата во гимнастиката. Неговото враќање како
Координатор за тренери при ФГСМ е со цел да се изврши консолидација на тренерската
структура и изнаоѓање на начини и решенија за подобрување на моменталната
состојба во гимнастиката. Се надеваме дека знаењето и умешноста на Јован
Раичковиќ ќе дадат позитивни резултати на полето на гимнастиката и на домашна и
на меѓународна сцена.
Статијата е прочитана: 230 . Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6 |
||||
| < Претходно | Следно > |
|---|

15°C
11°C
19°C 











