5.09.2010.
Сојуз на спортски федерации на Македонија PDF Испечати Е-пошта

 Sample Image

На 09.06.2010 година со почеток во 12:00 часот во свечената сала на Собранието на град Скопје се одржа Изборно собрание на Сојузот на спортски федерации на Македонија. На Собранието со свои претставници учествуваа 38 федерации, меѓу кои и Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија, предводена од Претседателот на ФГСМ, г-дин Љупчо Арнаудов.

 Sample Image

По прифаќањето на дневниот ред и разгледувањето на извештаите за работата во измината 2009 година се пристапи кон избор на Претседател на ССФМ. За Претседател на ССФМ едногласно и со голем аплауз од присутните повторно беше избран Марјан Начевски, актуелен генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија.

 Sample Image

За потпретседатели беа назначени Мустафа Алиу, Претседател на Сојузот на спортови на Гостивар и Ѓуро Илиќ, Претседател на аикидо федерацијата на Македонија.

На Собранието беа истакнати напорите кои ги прави ССФМ со цел да им помогне не своите членки, како и настојувањата во наредниот период да се продолжи со работа на истиот начин кој досега дава резултати.


Статијата е прочитана: 161

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved

 
< Претходно   Следно >

Browser Compatibility

browser_firefox.png browser_ie7.png browser_opera.png

browser_safari.png browser_konqueror.png browser_camino.png