| Семинар за судии по ЖСГ |
|
|
|
|
Во кадровско – рекреативниот центар “Партизан“ во Охрид од 18-ти до 20-ти јуни се одржа Семинар за судии по женска спортска гимнастика. Предавач на семинарот беше Мира Трајчевска Петровска, комесар за судиски прашања по женска спортска гимнастика во ФГСМ. Семинарот беше организиран со цел на присутните да им биде поделен материјал за подготвување на испитот за судии кој ќе се полага во почетокот на месец септември. Предавањата распоредени во три дена, целосно ги опфатија вежбите за гимнастичарките во А и Б лига, најчесто употребуваните елементи во женска спортска гимнастика во Македонија, како и најновите измени во судискиот правилник на Светската гимнастичка федерација. На семинарот учество зедоа 16 учеснички, поранешни гимнастичарки, за кои се надеваме дека со работа и желба за напредок во иднина ќе прераснат во добри судии.
Статијата е прочитана: 160 . Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6 |
||||
| < Претходно | Следно > |
|---|

15°C
11°C
19°C 











