| Спортско-рекреативен повеќебој “Охрид 2010“ |
|
|
|
|
Во рамките на Програмата за
масовни активности на ФГСМ за 2010 година беше предвидено одржување на спортско-рекреативен
натпревар за рекреативци и рекреативки над 16 години. Натпреварот се реализира
во периодот од 25-ти до 27-ми јуни во Натпреварувачите поделени во три категории, во машка и женска конкуренција, се натпреваруваа во следните дисциплини: скок во далечина од место, стрелаштво со лак и стрела, пикадо, мал фудбал и надвлекување на јаже. Најуспешна во дисциплината МАЛ ФУДБАЛ беше екипата на Охрид, која извојува победа на пенали по нерешениот резултат во регуларниот дел. Во дисциплината НАДВЛЕКУВАЊЕ ЈАЖЕ најуспешна беше екипата од Битола, која не им дозволи ниту една победа на своите противници во трите влечења. Додека, најуспешни во дисциплината ПИКАДО беа припадничките на екипата од Ѓорче Петров, кои со своите резултати им поставија цел на помладите учесници сериозно да тренираат во текот на годината, за да следната година имаат поголема конкуренција во оваа дисциплина. На крајот, врз основа на постигнатите резултати, за СЕВКУПЕН ПОБЕДНИК на натпреварот беше прогласена екипата на ДГС “Партизан“ – Ѓорче Петров, второто место и припадна на екипата Судики на ФГСМ, а третото место на екипата на КГС “Партизан“ од Битола. Со порака за поголема масовност следната година, натпреварот за затворен го прогласи Комесарот за масовни активности, Мирјана Ташковска.
Статијата е прочитана: 189 . Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6 |
||||
| < Претходно | Следно > |
|---|

15°C
11°C
19°C 











