| Одморалишта |
|
|
|
|
Одморалиште „ПАРТИЗАН“ ОХРИД
Одморалиштето „ПАРТИЗАН“ е сместено на излезот од Охрид (патниот правец Охрид-Струга), месноста „Грашница“ на самиот брег од Охридското Езеро, кои повеќе години го посетувале многу генерации на ученици и младинци за летување, одмор и рекреација.
Одморалиштето нуди летување во СЕДУМ ДНЕВНИ смени почнувајќи од 1 - ЈУНИ па се до крајот на месец АВГУСТ.
СМЕСТУВАЊЕ „ПАРТИЗАН“ ОХРИД
Сместувањето е во камп приколки со два, три, и четири лежаи. Исхрана во сопствена кујна со трпезарија чиј капацитет е над 200 гости. Одморалиштето овозможува услови за активен одмор и спортско рекреативни активности. Располага со сопствена плажа и ангажира инструктори по пливање. Располагаме со здравствена заштита (лекар).
УСЛОВИ ЗА ЛЕТУВАЊЕ
Услови кои треба да се исполнуваат за одобрено летување:
-Цената за пансионска услуга изнесува:
- за ученици до 15г. 500ден. - за деца до 7г. 250ден. - за младинци и возрасни во приколка со 4 лежаи 600ден. - во приколка со два лежаи 700ден. -Во цените не е пресметана туристичка такса:
Рекреативен центар „ПАРТИЗАН“ - Охрид
Доколку се одлучите да летувате кај нас пријавете се на тел: 046/270 - 052 047/22 32 99
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Федерација на Гимнастички спортови на Македонија
|



