| Структура на Федерацијата |
|
|
|
|
Собрание Извршен одбор Одбор за контрола Технички комитети Дисциплинска комисија
С О Б Р А Н И Е
Собранието е највисок орган на Федерацијата.
Собранието го сочинуваат по два претставници од Клубовите и тоа: претседателот на Клубот и по еден член од Извршниот одбор на Клубот. Мандатот на членовите на Собранието изнесува 4 години. Собранието избира Претседател на Собранието од редот на Претседателите на Клубовите. Претседателот на Собранието, истовремено е и Претседател на Извршниот одбор и Претседател на Федерацијата. Собранието избира и Потпретседател на Федерацијата.
Арнаудов Љупчо Претседател на ФГСМ
И З В Р Ш Е Н ОД Б О Р Извршниот одбор е извршен орган на Собранието на Федерацијата.Извршниот одбор го сочинуваат Претседателите на сите клубови и Претседателот на Техничките комитети по функција. За својата работа Извршниот одбор е одговорен пред Собранието на Федерацијата.
О Д Б О Р З А К О Н Т Р О Л А Одборот за контрола има 3 членови кои ги бира Собранието. Членовите на одборот не може да бидат едновремено и членови на органите и телата пропишани со овој Статут. Членови на Одборот за контрола се: Љубе Стојаноски, Стефче Василевски и Слободан Вељковиќ.
Т Е Х Н И Ч К И К О М И Т Е Т
Согласно
организационата структура на ФИГ во рамките на ФГСМ за секој сегмент од
гимнастичките спортови (доколку се развиени во РМ) се формира Технички комитет.
1. Технички комитет за МСГ: Помошник комесар за развој на МСГ – Димче Нецинов
2. Технички комитет за ЖСГ:
3. Технички комитет за масовни активности:
За разлика од пред 15-16 години кога во Македонија побројни беа натпреварувачите од машката конкуренција, денеска имаме обратен случај.Доминира женската, но како што одат работите набрзо ќе имаме изедначена конкуренција меѓу овие две категории.
Комесар за судиски прашања, Мира Т Петровска
Задоволен сум што имам обврска да се грижам и да го следам развојот на машката гимнастика кај нас. Како селектор немам којзнае какви обврски од причина што нема и којзнае каква конкуренција. Ќе бидам многу посреќен ако постојано сум во дилема, кој од нашите гимнастичари, во одредени прилики треба да ја поретставува нашата земја на меѓународни манифестации.
Со гимнастика се занимавам од најраното детство. Сега сум Комесар за масовни активности. Тоа значи дека моја основна преокупација треба да биде масовноста, но јас сепак, претпочитувам да имаме поголеми успеси во квалитетната гимнастика. Сепак, јавна тајна е дека квалитетот произлегува од масовноста, па затоа апелирам до сите клубови да работат на планот на омасовувањето.
Малку по малку, почнуваме да се будиме од летаргичниот сон што владееше неколку години наназад. Во Македонија, освен видните напори да се омасови гимнастиката, се прават сериозни чекори кон обезбедувањето на посовремени помагала. Без справи сигурно дека не можеме да чекориме напред. Новите справи овозможуваат воведување на нови програми, а тоа веќе е гимнастика која се практикува во поразвиените земји.
Д И С Ц И П Л И Н С К А К О М И С И Ј А
Дисциплинската комисија е составена
од 3 члена (претседател и два члена), а членовите ги бира Собранието на
Федерацијата. Членови на
Дисциплинската комисија се:
|
Структура на Федерацијата 







