Македонските гимнастичари на меѓународна сцена

Иван Крстевски се подготвува за Светскиот куп во Осијек

 

Деновиве привршуваат подготовките на Иван Крстевски, нашиот гимнастичар кој треба да настапи на Светскиот куп во спортска гимнастика во Осијек, Хрватска. Светскиот куп ќе се одржува од 4-ти до 9-ти ноември со учество на гимнастичари од голем број земји. Иван Крстевски ќе биде придружуван од неговиот тренер, Трајче Ефремов.

Дино Бошњак на 6-тиот Интернационалниот натпревар

“Љубчо Солачки“ во Благоевград, Бугарија


На покана на Гимнастичкиот клуб “Љубчо Солачки“ од Благоевград кој оваа година по шести пат го организира интернационалниот натпревар во спортска гимнастика “Љубчо Солачки“, Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија ќе ја претставува Дино Бошњак, гимнастичар на КГС “Партизан“ од Прилеп. На натпреварот кој ќе се одржи на 7-ми ноември, Дино Бошњак ќе биде придружуван од неговиот тренер, Златко Ангелески.

 

На двајцата наши гимнастичари им посакуваме успешен настап на претстојните натпревари !!!

Статијата е прочитана: 535

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved