Трето место за Дино Бошњак во Нови Сад

Sample Image

На 15-ти ноември во Нови Сад се одржа традиционалниот ДКМТ Куп со учество на гимнастичките клубови Нови Сад, Суботица, Лугој, Кискунхалас, Ресита и Тимисоара. Во рамките на Регионалниот ДКМТ Куп, оваа година беше одржан и Интернационален натпревар “Нови Сад 2009“.

На натпреварот, покрај клубовите учесници на ДКМТ Купот, учество зедоа и гимнастичките клубови од Србија (Ниш и Костолац), Бугарија (Благоевград и Софија) и Македонија. Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија ја претставуваа Иван Крстевски (КГС “Партизан“ – Битола) и Дино Бошњак (КГС “Партизан“ – Прилеп) предводени од селекторот Трајче Ефремов.

Гимнастичарите се натпреваруваа во четири категории:

 

·         Категорија 8-10 години

·         Категирија 11-12 години

·         Категорија 13-14 години

·         Категорија 15-16 години

 

Во категоријата 15-16 години, во исклучително силна конкуренција, нашиот гимнастичар Дино Бошњак успеа да се избори за место на пиедесталот, освојувајќи го третото место со вкупно 69.200 бода.

 

ЧЕСТИТКИ ЗА УСПЕХОТ !!!

 

 

P1070634.JPG
P1070639.JPG
P1070640.JPG
P1070656.JPG
P1070668.JPG
P1070669.JPG
P1070670.JPG
P1070678.JPG
P1070682.JPG
P1070691.JPG
P1070693.JPG
P1070696.JPG
P1070697.JPG
P1070709.JPG
P1070710.JPG
P1070711.JPG
P1070747.JPG
P1070786.JPG
P1070857.JPG
P1070888.JPG
P1070892.JPG
P1070930.JPG
P1070943.JPG
P1070944.JPG
 
 

 


Статијата е прочитана: 561

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved