Прва меѓународна конференција

ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ - СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО - БЕЗБЕДНОСТ НА СТАДИОНИТЕ

 

Sample Image

Под покровителство на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-динот Трајко Вељановски, а во организација на Фудбалската Федерација на Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје на 15-ти декември се одржа Првата меѓународна конференција против насилството на фудбалските терени. Покрај Претседателот на Собранието на РМ, свое обраќање до присутните имаше и Претседателот на ФФМ,

г-динот Харалампие Хаџи–Ристески кој во својот говор ја истакна важноста на борбата против насилството во спортот, особено на фудбалските терени и вклучувањето на сите структури во неговото сузбивање. На конференцијата со свои претставници учествуваше и Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија.

Пред присутните, од страна на Проф. Д-р Љупчо Арнаудовски беше промовирана книгата “Превенција и репресија на насилството на фудбалските стадиони“

 

P1080714.jpg
P1080716.JPG
P1080718.jpg
P1080722.JPG
P1080724.JPG
P1080727.JPG
P1080729.JPG
P1080735.JPG
 
 


Статијата е прочитана: 620

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved