НОВО ПРИЗНАНИЕ ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ЗА КГС “ПАРТИЗАН

Sample Image

Во предвечерието на 46-годишнината од основањето на локалниот печатен медиум “Битолски весник“, односно од излегувањето на првиот број на 27-ми фебруари 1964 година, традиционално се одржа изборот на Најдобри битолчани за 2009 година, во организација на “Битолски весник“.

На свечаноста, која се одржа во хотелот “Епинал“, во присуство на голем број видни личности од политичкиот и јавниот живот, беа доделени повеќе признанија за најуспешните битолчани кои со својата работа оставија белег на повеќе полиња од социјалниот, културниот и спортскиот живот. Признанието од областа на спортот му беше доделено на Клубот за гимнастички спортови “Партизан“ – Битола за резултатите покажани во изминатата година, како и за настојувањата на Претседателот на клубот да се одржи во живот овој спорт, кога сите останати спортови во градот полека изумираат.

Наградата ја прими Претседателот на КГС “Партизан“ – Битола, г-дин Љупчо Арнаудов.

 

P1090757.JPG
P1090759.JPG
P1090762.JPG
P1090766.JPG
P1090769.JPG
P1090771.JPG
P1090774.JPG
P1090779.JPG
 
 


Статијата е прочитана: 266

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved