Состанок на Технички комитет

 Sample Image

На 09.06.2010 година во просториите на ДГС “Партизан“ – Ѓорче Петров се одржа состанок на Техничкиот комитет на ФГСМ. Присутните членови, со исклучок на Претседателот на ТК Проф. Д-р Душан Тодоровски кој навремено го најави своето отсуство, расправаа за повеќе актуелни случувања и проблеми.

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА МАРИЦА ШТРБАЦ

 

            По усвојувањето на записниот од претходната седница на ТК, се пристапи кон разгледување на предлогот за разрешување на Марица Штрбац од функцијата Комесар за судиски прашања во женска спортска гимнастика. Откако Претседателот на ФГСМ ги изнесе причините поради кои е поднесен ваквиот предлог, се пристапи кон обемна дискусија за да на крајот предлогот биде ставен на гласање. Повлекувањето на Марица Штрбац беше потврдено со 5 гласа за и 1 воздржан (Комесарот на развој на МСГ, Аце Ристески).

 

МИРА ТРАЈЧЕВСКА ПЕТРОВСКА – НОВ КОМЕСАР

 

            За нов Комесар за судиски прашања во женска спортска гимнастика едногласно беше избрана Мира Трајчевска Петровска.

 

ЈОВАН РАИЧКОВИЌ - КООРДИНАТОР ЗА ТРЕНЕРИ

 

            Едногласни во својата одлука, членовите на ТК беа и околу назначувањето на Јован Раичковиќ за Координатор на тренерите при ФГСМ.

 

ЕДНОГОДИШНА СУСПЕНЗИЈА И ЈАВНИ ОПОМЕНИ ЗА СУДИИТЕ ВО ЖСГ

 

            Во врска со поголемиот број пристигнати приговори до канцеларијата на ФГСМ од страна на КГС “Партизан“ – Орце Николов и клубовите од Прилеп и Кочани, кои се однесува на судењето на Првиот државен натпревар за А-лига одржан во Битола на 29.05.2010, на предлог на Претседателот на ФГСМ беше донесена одлука, која едногласно беше прифатена од страна на членовите на ТК, да им се изрече едногодишна суспензија за судење на натпреварите на Весна Огненовска, Кристина Стојкоска и Хелена Штрбац, а јавна опомена за Славица Алексовска и Ружица Апостоловска со напомена дека уште една ваква опомена би значела и суспензија за судење на натпревари во гимнастика.

 

ПРИГОВОР ОД КГС “ПАРТИЗАН“ – ОРЦЕ НИКОЛОВ

 

             Во врска со приговорот доставен од страна на КГС “Партизан“ – Орце Николов за екипата на КГС “Партизан“ – Битола во помлади пионерки која на натпреварот одржан во Прилеп на 24.04.2010 беше поделена на две различни справи, што е спротивно на правилата, Комесарот за развој во ЖСГ Весна Огненовска призна дека направила грешка при изработката на распоредот. Едногласно беше решено на екипата да и биде одземен екипниот пласман и сите права кои произлегуваат од тоа, а клубот да ги врати во канциларијата на ФГСМ пехарот и дипломата доделени за остварениот пласман.

 

Федерација на гимнастички спортови на Македонија

 

Претседател на ФГСМ

   Љупчо Арнаудов


Статијата е прочитана: 218

RSS comments

.
.

Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6
AkoComment © Copyright 2004 by Arthur Konze - www.mamboportal.com
All right reserved