| Пионерски повеќебој “Охрид 2010“ |
Во периодот од 19-ти до 24-ти јуни 2010 година во КРЦ “Партизан“ во Охрид се одржа Пионерскиот повеќебој “Охрид 2010“. На повеќебојот учествуваа гимнастичките клубови од Битола, Прилеп, Кочани и Ѓорче Петров, како и екипа од О.У. Петар Поп Арсов од Скопје. Натпреварувачите распределени во 4 категории во женска и машка конкуренција, се натпреваруваа во следните дисциплини:
Пред почетокот на натпреварот, присутните натпреварувачи и водниците ги поздрави Комесарот за масовни активности, Мирјана Ташковска, посакувајќи им на натпреварувачите остварување на посакуваните резултати и пријатни моменти во заедничкото дружење. Натпреварот Пионерски повеќебој “Охрид 2010“ за отворен го прогласи Претседателот на ФГСМ, Љупчо Арнаудов. Првиот ден натпреварувачите се натпреваруваа во дисциплините: скок во далечина од место, штафетно трчање и истрајно трчање (200, 300 и 400 метри). Во истите овие дисциплини, се натпреваруваа и водниците на екипите, секој од нив во рамките на своите можности. Не изостана натпреварувачкиот дух и забавата и во натпреварите на полигонот, стрелаштвото со лак и стрела, фрлањето топче и пикадото. Највозбудлива беше борбата во надвлекување јаже, каде силите се одмеруваа до последниот атом. Во дисцилината мал фудбал – супериорна беше екипата на Прилеп која ги прегази своите противници и на крајот заслужено го освои пехарот за најдобар клуб во мал фудбал. Целиот натпревар мораше да се одвива доста експедитивно, со оглед на неповолните временски услови. Добрата организираност и подготвеноста на водниците и екипите за соработка уште еднаш покажа дека ако се сака – сé се може, па со разбирање и добра волја, на крајот целата програма беше реализирана.
Не помалку
важен дел од Пионерскиот повеќебој “Охрид 2010“ беше
Бобан Бошевски прогласен за Златен глас на Пионерскиот повеќебој “Охрид 2010“
Со песната “Македонско девојче“ за која доби силна поддршка и аплауз од публиката Бобан Бошевски од Битола беше победник во категоријата ЗЛАТЕН ГЛАС. Второто место му припадна на Евгенија Стојаноска од екипата на Прилеп, а третото место на Марија Тренчевска од екипата на Ѓорче Петров.
Ѓорче Петровки – најуспешни во Покажи што знаеш
Во категоријата ПОКАЖИ ШТО ЗНЕШ, првото место заслужено му припадна на танчерската група од Ѓорче Петров во состав Елена Јовановска, Вероника Тасевска и Наташа Младеновска за нивната изведба, која ја остави публиката без здив, посебно машкиот дел. Второто место го освоија Бојана Коцева и Марија Симеонова од екипата на Кочани, а третото - Теодора Велкоска од Прилеп.
Избрани мис и мистер на Пионерскиот повеќебој “Охрид 2010“
Во исклучително тешка конкуренција, жири комисијата се одлучи да ги додели следните награди:
Прво место на маскенбалот за Црнците од Битола и Жената од Прилеп
Во изборот на најдобра маска, жири комисијата имаше навистина тешка задача. Првото место го делеа Црнците од Битола (Ивана Јаневска, Антонио Кенковски, Христијан Ќебаковски, Бобан Бошевски и Љубица Илијевска) и Жената од Прилеп (Александар Наумоски). Второто место му припадна на Претепаниот човек (Мартин Цветановски) од Ѓорче Петров, додека третото место го освои Пипи Долгиот Чорап (Марија Симеонова) од Кочани.
Награда за најмлади учесници
Покрај многубројните медаљи и пехари за натпреварувачките дисциплини, традиционално секоја година се доделува и награда за најмлади учесници. Оваа година добитници на наградата се Теодора Велкоска и Јосиф Стојчески од Прилеп.
Статијата е прочитана: 175 . Powered by AkoComment Tweaked Special Edition v.1.4.6 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||